Loading Video...
Свет
16. March 2017 - 17:00

Либералите победија на парламентарните избори во Холандија

Владеачките либерали на премиерот Руте победија на парламентарните избори во Холандија. Зaд нив е е екстремно десничарската партија на Герт Вилдерс. Руте кој освои трет мандат вети дека ќе продолжи да го следи курсот на стабилнсот, порачувајки дека Холнадија рекла гласно Не за екстремниот популизам.

„Ова исто така е ноќ кога Холандија по Брегзитот, по американските избори, му рече стоп на погрешниот вид на популизам“ рече тој.

Новата холандска влада најверојатно ќе биде составена од пет партии. Брисел ги  поздрави изборните резултати.