Македонија
11. August 2016 - 14:48

Лесно проодни улиците во поплавените подрачја

Улиците во погодените подрачја од поплавите во Скопско се лесно проодни.

Општина Гази Баба информира дека од синоќа во вечерните часови до раните утрински часови во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Комунална хигиена се работело на расчистување на патната инфраструктура во населените места погодени од невремето.