Џет-Сет
11. October 2017 - 14:45

Лепа Брена прозборе за нејзината болест- наскоро се ќе се знае!

Лепа Брена гостувајќи во емисија откри дека за нејзиниот живот се снима филм.

-Оваа година работиме на документарен филм, кој ќе открие многу работи за мене кои до сега не се знаеле, Филмот ќе се вика „не дозволувај да те украдат од мене“ а ќе ја прикаже мојата кариера од 1982 до 1992 година- откри таа.

Пејачката открила дека и години уназад имала здравствени проблеми, но сега е добра

-Скршив рка па морав да правам две операции, после шеест месец повторно паднав и на истата рака го искршив лактот, па пак морав да одам на операција.Одлучив малку да успорам зошто имам мака и со тромбозата,која бара од мене да мирувам а јас сум сосема спротивно од тоа. Не смеете многу да се заморувате ниту да бидете во прегреани простории, но добро е да конзумирате по малку вино кое е добро за циркулација- рекала пејачката низ смеа.