Лепа Брена признава: Болна сум!
Популарната пејачка Лепа Брена, која секогаш ја гледаме насмеана и среќна, за еден српски весник откри дека боледува од тежок облик на клаустрофобија.
–Не е лесно да се избориш со клаустрофобија. Ме фаќа паника кога сум во мал простор, како што се лифтови во кои секогаш влегуваат повеќе луѓе од дозволеното. Имам проблем бидејќи се чувствувам притиснато. Најстрашно е што добивам напади на паника и кога некој ќе ме стисне и ќе ме прегрне од љубов. Јас не можам да го контролирам тоа, иако би сакала да можев. Во тие мигови не можам да сфатам дека некој ме гушка бидејќи ме сака, клаустрофобијата преовладува, открива Брена.
-Еднаш толку многу се исплашив во авион и добив напад на паника што ни самата не можам да си објаснам како дојде до тоа. Кога стјуардесата ја затвори вратата, почувствував дека целото летало почнува да се стеснува од страните. Имав чувство како да ме стега некаков оклоп, срцето почна да ми чука ненормално брзо, ме фати паника, особено поради фактот што никој друг не можеше да ми помогне. Тој психолошки момент кога осознавате дека сами морате да се изборите со ситуацијата е најтежок, вели пејачката
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација