Џет-Сет
8. December 2015 - 11:51

Лепа Брена открива што и предвидела Баба Ванѓа пред 30 години! - Ќе се омажиш за човек во...

Вангела Пандева Димитрова го претскажа почетокот и крајот на втората Светска војна, терористички напад на Америка на 11 септември, распаѓањето на СССР, катастрофата во Чернобил, смртта на Стаљин, но и точен датум на својата смрт, но имала што да и каже и на Фахрета Јахиќ попозната Лепа Брена.
 
Освен тоа што имала визии се до 5079 година, Ванѓа  имала и средба со тогаш непозната кафеанска пејачка Фахрета во еден новосадски хотел. Ванѓа ја запрела пејачката  и тогаш и ги кажала зборовите:„Ќе бидеш попозната и посакана дури и од Тито. Светот ќе те слави, ќе се омажиш за човек во бело“:.
Не и кажа само дека ќе се стане „Лепа Брена“. Набрзо по таа средба Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена, стекна популарност поголема и од Тито и се омажи за тенисерот Слободан Живојиновиќ.