Свет
8. February 2016 - 12:27

Леопард влезе во училиште, најмалку шестмина повредени

Најмалку шест лица се повредени откако леопард влегол во училиште во индискиот град Бангалор, пренесува Би-Би-Си.
 
Како што е наведено, леопардот влегол во училиштето и после 10 часа бил фатен и пуштен на слобода.
 
Осумгодишниот машки леопард е забележан како шета низ училиштето. На снимките од безбедносните камери се гледа како во еден момент напаѓа маж покрај базенот. Освен тоа повредени се и професор и ученик кои се обидувале да го смират.
 
- Беше тоа долга борба, Иако му дадовме средства за смирување, фатен е дури по 10 часа, кога лековите почнаа да дејствуваат, изјавиле од полицијата.
 
Се потенцира дека леопардот најверојатно заскитал во училиштето од шумата која се наѓа во близина.
 
По фаќањето животното е префрлено во национален парк. Според најновите истражувања во Индија има меѓу 12.00 и 14.000 леопарди.