Loading Video...
Ракомет
26. February 2018 - 13:18

Лекиќ со најубав гол, Лејно повторно во „топ-5“ одбрани на колото

Мала утеха за ракометарките на Вардар, Лејно и Лекиќ се нивните добри индивидуални настапи во дуелот против Мец кој црвено-црните го загубија. 
 
Вардарки го претрпеа првиот пораз сезонава во ЛШ откако на гостувањето во Франција кај Мец загубија со 22-24. 
 
Но,повторно две вардарови ракометарки се најдоа меѓу најдобрите во изборот на колото кој го прави ЕХФ. 
 
Андреа Лекиќ која постигна пет гола против Мец и беше најефикасна во тимот на Вардар, го има најубавиот гол во ова коло. 
 
А, речиси не може да мине ниту едно коло, а во избор на ЕХФ да ја нема вардаровата голманката, Амандин Лејно. Таа имаше неколку фантастични одбрани, а една од нив се најде и помеѓу најдобрите пет.