Бизарно но вистинито
7. February 2017 - 14:06

Лекарите шокирани: Жена во черепот имала жива лебарка дури 12 часа!

Лебарките се познати по својата отпорност, а овој случај во Индија покажува дека тие можат да преживеат дури и во човечкиот череп. Една жена тоа го почуствувала и на нејзината кожа, односно во сопствената глава.

Споменатата жена отишла во болница во индиски Ченаи и ги згрозила лекарите. Всушност, додека спиела лебарка се провлекла низ носната шуплина и завршила меѓу очите во близина на мозокот. Неверојатната состојба е решена со 45 минутна операција, а лекарите успеале да ја намамат лебарката во дел на черепот од каде било можно да ја извадат со пинцета.

За целата работа да биде уште полоша, 42-годишната жена на ред дошла дури во третата болница пренесува Russia Today. Лекарите изјавиле дека се сретнале со копчиња, креди па дури и пијавици во човечкиот нос, но никогаш со лебарка. 

Погледнете го видеото од вадењето на лебарката.