Македонија
18. January 2018 - 20:26

Лекарите предупредуваат на внимателност за оние кои ќе скокаат во ладните води по светиот крст

Никако влегување предвреме во студените води на Вардар за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото. Ова е главната препорака на скопскиот Црвен крст за 150-те учесници кои утре ќе се фрлаат по крстот. Исто така, сите мора да носат обувки пред влегување во реката за да ги заштитат стапалата од повреди.  Капачите треба да бидат во добра здравствена состојба.

-Освен чаеви, не се препорачува консумирање на алкохол и друг вид пијалоци бидејќи тоа го зголемува ризикот од побрзо измрзнување и со тоа се постигнува спротивен ефект. Сите што сакаат да учествуваат и при пријавување во МПЦ, потребно е да бидат во добра здравствена состојба, вели Слободан Митровиќ од Црвен Крст –Скопје

Од Црвен Крст не очекуваат да има инциденти и загрозување на здравјето на учесниците доколку истите се придржуваат до основните препораки. На утрешниот настан повеќе од 40 волонтери и членови на  Црвен крст ќе бидат покрај кејот на Вардар и ќе се грижат за безбедноста на капачите. Ќе биде присутна и брза помош со амбулантни возила како и припадници на полицијата.