Македонија
11. November 2015 - 16:29

Лекарите потпишуваат повелба за своите права

Лекарите од битолската клиничка болница им се приклучија на своите колеги од Скопје и денес ставија свој потпис за поддршка на Повелбата за заштита на правата на докторите, која се обврзуваат понатаму да ја развијат во Закон, кој ќе ги штити правата и на лекарите, слично на законот кој ги штити правата на пациентите.

Директорот на Клиничката болница Битола го коментираше и писмото на СДСМ  со кое се бара оставка од министерот Никола Тодоров и порача дигнитетот на лекарската професија да се штити од политички влијанија.

Инциденти од поголеми размери засега не се регистрирани во Клиничката болница Битола, каде за безбедноста на персоналот и пациентите се грижи обезбедување.

Во тендерската спецификација стои кој може да ја добие дејноста обезбедување, за која сума и според квадратурата на здравствената организација се одредува бројот на лица кои се доволни за да го вршат обезбедувањето.