Македонија
1. January 2018 - 16:26

Лекарите мака мачеле со љубителите на алкохолот

Болничките билтени покажуваат дека за време на новогодишната прослава лекарите имале малку работа и мирна ноќ. Директорот на Токсикологија вели дека прв пат по подолго време поминале без предозирани малолетници со алкохол и психотропни супстанци. Синоќа интервенирале кај 27 лица од кои повеќето биле од машки пол. Најмладиот имал 16 а најстариот 48 години.

Првчичните покажуваат дека нема многу алкохолизирани и нема над 2 промили во крвта. Мирна ноќ имавме, вели др. Нико Беќаровски, директор на Клиника за Токсикологија

На Ургентниот центар минатата ноќ имале 63 прегледи а 7-мина ги задржале на болничко лекување. Најголем број биле со повреди од сообраќајни несреќи. Петмина хоспитализирани имало и во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски.

-Имавме 65 прегледи, петмина задржавме а кај четворица направивме операции, но нема сериозни случаи, вели др. Иван Спирковски, директор на Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски

Со гребнатинки од залутани куршуми и мали повреди од петарди имало во ГОБ 8-ми септември, но сите биле пуштени на домашно лекување.

-Интервениравме кај 38 пациенти. Со петардите пворедените беа само со помали ингореници поради несоодветно ракување а имаше и четвроица од тепачки, вели др. Јасмин Циривири од ГОБ 8-ми септември

Мирна ноќ имале и дежурните екипи од Брза Помош. Поминале со 42 интервенции, меѓу кои и повреден од петарда кој бил третиран во дежурната служба на Бит пазар.

Бидејќи и денеска е празнично расположение, лекарите со апел и оваа ноќ да помине без многу лекарски интервенции со умерено јадење, пиење и без користење на пиротехнички средтва.