Македонија
12. November 2015 - 16:59

Лекари од Велес и од Штип ја потпишаа повелбата за заштита на угледот на лекарите

Велешките лекари го поддржуваат предлог законот за докторска дејност.. Денеска ја потпишаа повелбата со која се обврзуваат дека ќе работат во унапредување на професијата преку донесување на закон за докторски дејности..

Законот за докторска дејност треба да овозможи унапредуваање на угледот на докторското звање.. Се предлага и нападот врз лекар да се смета како напад на службено лице..

Барањето за донесување закон за докторска дејност следи по неодамнешниот инцидент во скопскиот клинички центар..