Фудбал
27. February 2017 - 11:58

Лејно со најубава одбрана во колото од ракометната Лига на шампионки

  Иако ЖРК Вардар беше поразен од Будуќност во натпревраот од 4. коло на ракометнаа Лига на шампионки, сепак чуварот на мрежата на македонскиот првак Амандин Лејно ја има најдобрата одбрана во изминатото коло. 
 
Вардарки дури во десетиот меч го претрпеа првиот пораз сезонава во елитното натпреварување (28-31), но Французинката имаше одличен настап и беше најдобрата во редовите на црвен-црните. 
 
Токму една од бројните интервенции во првиот дел односно одбраната по обидот на Нововиќ, ја рангираше Лејно на првото место во „Топ 5“ одбрани на колото.
 
На следниот линк може да ги видите најдобрите одбрани кои го одбележаа изминатото коло во Лигата на шамкионките. 

ВИДЕО