Ракомет
13. December 2017 - 9:16

Лејно ја одведе Франција во полуфиналето на ракометниот Мундијал

Голманот на Вардар, Амандин Лејно ја предводеше Франција до триумфот над Црна Гора (25:22) синоќа во последното четвртфинале на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Германија.
 
Лејно мечот го заврши со 13 одбрани и заслужено беше прогласена за најдобра играч. Најефикасна во победничката репрезентација беше Алисон Пино со пет гола, додека вардарката Александра Лакрабе четири пати се запиша во листата на стрелци.
 
Во редовите на Црна Гора, Катарина Булатовиќ девет пати ја погоди противничката мрежа, додека третата вардарка која настапи на овој дуел, Јованка Радичевиќ постигна четири гола.
 
Во полуфиналето Франција ќе игра со Шведска.
 
Вториот полуфинален пар ќе биде познат по денешните четвртфинални средби: Холандија – Чешка (17:30 часот) и Норвешка – Русија (20:45)