-->
-->
„Лејдис симфони“ - новогодишен концерт на Камерниот оркестар - Битола
-->
Хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,.. ќе бидат дел од програмата на утрешниот новогодишен концерт „Лејдис симфони" на Камерниот оркестар на Битола што традиционално го организира Центарот за култура.
Со камерниот оркестар ќе настапат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.
- Камерниот оркестар на Битола од поодамна е познат бренд во оваа музичка сфера, а концертите „Џејмс Бонд Симфонија“, „Рок Симфонија“ со Влатко Стефановски, како и коцертот со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош се уште се памтат, посочуваат од НУ Центар за култура - Битола.
Претпладнево Центарот за култура на прес-конференција ќе соопшти детали за концертот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег