Македонија
29. December 2017 - 8:15

„Лејдис симфони“ - новогодишен концерт на Камерниот оркестар - Битола

Хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,.. ќе бидат дел од програмата на утрешниот новогодишен концерт „Лејдис симфони" на Камерниот оркестар на Битола што традиционално го организира Центарот за култура.

Со камерниот оркестар ќе настапат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

концерт бт

- Камерниот оркестар на Битола од поодамна е познат бренд во оваа музичка сфера, а концертите „Џејмс Бонд Симфонија“, „Рок Симфонија“ со Влатко Стефановски, како и коцертот со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош се уште се памтат, посочуваат од НУ Центар за култура - Битола.

Претпладнево Центарот за култура на прес-конференција ќе соопшти детали за концертот.