Живот
23. August 2016 - 12:18

Легло на бактерии: Овој дел од телото не може да се исчисти ниту со туширање!

Личната хигиена е многу важна за одржување на здравјето. Но, дури и кога редовно се туширате, постои дел од телото каде што секојдневно можат да се соберат повеќе од 67 видови на бактерии. Прочитајте кој е највалканиот дел од нашето тело и како да го исчистите.
 
Туширањето е многу важен дел од личната хигиена. Во текот на денот, на облеката, косата и кожата, во својот дом носиме многу микроорганизми кои можат да бидат опасни за нашето здравје.
 
Но, иако сте се истуширале и сте ја измиле косата, постои дел на вашето тело кој се смета за највалкан и ја задржува нечистотијата дури и откако сте се истуширале. Станува збор за папокот кој е најнедостапен дел на нашето тело и со тоа може да стане вистинско легло за бактерии.
 
Правилниот папок е вовлечен, а поради својот облик во него многу брзо и лесно се собираат пот, влакненца од облеката, мртви клетки од кожата, лосин о сапун.
 
Таквиот спој е совршено место за развој на микроорганизми, па поради тоа, ако не го миете правилно и детално, може да стане причина на непријатни миризби, но и здравствени проблеми, како некои инфекции.
 
Истражувањата покажале дека во вовлечениот папок (во неговите набори и засеци) можат да се соберат дури 67 различни видови на бактерии, без оглед на туширањето. Ако сакате да го одржувате овој дел од телото на детален и правилен начин, употребете едноставен трик со стапче за уши.
Како правилно да го измиете папокот?
 
Вовлечен папок:
 
1. Пред туширање, стапчето за уши натопете го во медицински алкохол и со него детално очистете го секој дел од папокот.
 
2. Во текот на туширањето, на ново стапче за уши нанесете малку гел за туширање и како со алкохолот, со стапчето поминете ја целосната внатрешност на папокот.
 
3. Потоа, папокот добро измијте го со млака вода и добро исушете го со памучна крпа или пешкир.
 
Испакнат папок:
 
1. Навлажнете го врвот на памучна крпа и на него нанесете гел за туширање.
 
2. Измијте го папокот и потоа исплакнете го со млака вода и исушете го со крпа.