Џет-Сет
27. July 2017 - 21:53

Легендарниот боксер ја сподели својата најмрачна тајна: Бев само дете, тој беше стар човек!

Eден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон преживеал страшно силување во младоста, но тој истакна дека тоа немало големо влијание на неговиот живот.

Во рингот, а често и надвор од него железниот Мајк им влеваше страв на сите со кои се наоѓал лице во лице, но тешкото детство во местото каде што живеел и трауматичните искуства од раната младост сигурно имале големо влијание на формирањето на личноста која често кај другите луѓе будела чувство на осуда.

Таткото на Тајсон го напуштил уште додека бил во основно училиште, на 16 години го доживеал „првиот нокдаун“ кога и само неколку месеци остана без мајка и сестра.

- Никогаш мајка ми не ја видов среќна заради мене и заради работите кои ги правам. Таа ме познаваше само како диво дете кое трча по улици и доаѓа дома со нова гардерба за која знаеше дека не сум ја платил. Никогаш не добив можност  да разговарам со неа и да ја запознам. Професионално тоа немаше никакво влијание на мене. Но ме скрши на личен и емотивен план, расажа Тајсон и потоа на новинарот од „ESPN“ му откри шокантен детал од детството.

- Бев само дете. Тој беше стар човек Ме тепаше и сексуално ме злоставуваше. Никогаш после тоа не го видов. Научив дека тоа не значи дека тоа си помалку маж, затоа што се случило, рече Мајк чии очи полни со солзи и поглед изгубен во далечината даваат најдобар одговор на прашањето дали за тоа некогаш некому раскажал.

Кога новинарот рече дека не сака да се задржува на нешто поради кое на Тајсон би му било непријатно, Мајк одговори дека тоа случување кај него не предизвкува непријатност, додавајќи дека тоа немало големо влијание на неговиот живот.