Loading Video...
Фудбал
1. February 2018 - 14:04

Леганес и Севиља одиграа 1-1 во полуфинален меч на Копа Дел Реј

Екипите на Леганес и Севиља одиграа без победник 1-1 во првиот меч од полуфиналето на Копа Дел Реј. 

Фаворизираните гости имаат предност од 21.минута кога погоди Луис Муриел , сепак упорните домаќини успеаја да ја анулираат негативата со голот на Димитриос Сиовас  во 56.минута. 

Реванш мечот овие два тима ќе го одиграат на 7 февруари. 

Вечерва пак на Камп Ноу својата прва полуфинална пресметка ќе ја имаат Барселона - Валенсија 

Финалето на „Копа Дел Реј“ годинава е закажано за 21 април