-->
-->
ЛЕ: Вардар загуби на гостувањето кај Розенборг
-->
Екипата на Вардар го загуби вториот натпревар од групата Л во Лига Европа откако вечерва норвешки Розенборг на домашен терен победи со 3:1. Домашните играчи ги казнија грешките на „црвено-црните“ за водство од 3-0.
Со голот на Бендтнер од пенал во 25 минута Розенборг поведе со 1:0. На 2-0 зголеми Конрадсен во 56 минута со прекрасен гол, а третиот гол за Розенборг го постигна Хаденстад во 68 минута.
Почесниот гол за Вардар го постигна Фелипе во 90+1 минута со прекрасен лоб удар. Вардар имаше и неколку шанси, а најсеризони беа на Блажевски во 3.минута кога го погоди дирекот и на Исени во вторито дел кога домашниот играч од гол линијата ја извади топката.
На вториот дуел во групата Зенит го совлада Реал Сосиедад со 3-1.
На чело на табелата е Зенит со 6 бодови, пред Реал Сосиедад со 3, Розенборг има 3, а Вардар е без бод.
Следниот натпревар Вардар го игра на домашен терен со Реал Сосиедад на 19.октомври.
фото: www.fkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд