Фудбал
24. February 2017 - 9:08

ЛЕ: Селта подобра од Шахтјор во продолжението

По одигрувањето на реванш дуелите од 1/16 финалето од Лига Европа познати се 16-те екипи кои се пласираа во осминафиналето во ова натпреварување. Единствено на дуелот меѓу Шахтјор и Селта победникот беше решен по продолжение. На реваншот синоќа Селта до продолжението стигна со голот од пенал на Иаго Аспас во 90+1 минута, а голот за победа од 2:0 и пласман во следната фаза го постигна Густаво Габрал во 108.минута.
 
Резултати на реванш натпреварите од 1/16 финалето:
Османлиспор – Олимпијакос 0:3 (0:3 вкупен резултат)
Зенит – Андерлехт 3:1 (3:3),
Рома – Виљареал 0:1(4:1),
Бешикташ - Хапоел Бир Шева 2:1 (5:2),
АПОЕЛ Никозија - Атлетик Билбао 2:0 (4:3),
Ајакс - Легија Варшава 1:0 (1:0),
Копенхаген – Лудогорец 0:0 (2:1),
Фиорентина - Борусија Менхенгладбах 2:4 (3:5),
Генк - Астра 1:0 (3:2),
Олимпик Лион - АЗ Алкмар 7:1(11:2),
Шахтјор - Селта 0:2 по продолжение (1:2),
Спарта Прага – Ростов 1:1 (1:5) и
Тотенхем – Гент 2:2 (2:3).
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри во средата обезбедија Манчестер Јунајтед, Шалке и Краснодар.
Извлекувањето на двојките за осминафиналето е закажано за денеска во 13 часот во Нион.