Свет
21. February 2017 - 11:26

Ле Пен одби да ја покрие главата поради големиот муфтија на Либан

Лидерката на Националниот фронт и кандидат на екстремната десница на претседателските избори во Франција, Марин ле Пен го откажа денеска состанокот со големиот либански муфтија, бидејќи го одби барањето да ја покрие главата. 

- Можете да му го пренесете моето почитување на големиот муфтија, но јас нема да се покријам, рече Ле Пен.

Прес-службата на големиот муфтија соопшти дека соработниците на лидерката на Националниот фронт биле однапред известени за барањето Ле Пен да ја покрие главата на состанокот со муфтијата. 

Анкетите укажуваат дека Ле Пен може да победи во првиот круг од претседателските избори во Франција, но оти може да загуби во вториот.