Фудбал
4. August 2016 - 11:02

ЛЕ - квалификации: Шкендија гостува кај Млада Болеслав

Македонскиот преставник во Лига Европа тетовска Шкендија вечерва од 19 часот на стадионот „Местски“ во Млада Болеслав, Чешка го игра реванш дуелот од 3.коло од квалификациите во ова натпреварување. Шкендија по првиот дуел оствари предност од 2:0.
Тетовчани веќе два дена се наоѓаат во Чешка, а тренерот Бруно Акраповиќ е свесен дека неговата екипа ќе биде под голем притисок и дека ги очекува тежок натпревар. Тој од своите играчи бара максимална концентрација и натпревар да се одигра без грешки. Со таков приод се надева и на позитивен резултат и пласман во следната рунда.
Покрај овој дуел денеска се играат уште 27 реванш натпревари од 3.то коло од квалификациите, а пласман во баражот избори екипата на Либерец која вчера на домашен терен ја победи екипата на Адмира со 2:0 и со вкупни 4:1 избори место во баражот.