Фудбал
26. August 2016 - 11:07

ЛЕ: Денеска извлекување на групите, сите ги посакуваат Манчестер Ј. и Интер

Денеска во Нион во 13ч ќе бидат извлечени групите за Лига Европа. И во ова натпреварување ќе играат некои од големите европски клубови на чело со Манчестер Јунајтед, Интер, Ајакс,Виљареал....кои се во групата на носители. 48 клуба се поделени во 4 групи според рејтингот. Во послабите групи се еден Саутемптон, Панатинакос, Фенербахче, Сент Етјен, Селта Виго и други.  Противникот на Шкендија, белгискиот Гент е во 3. група. Еве ја листата на носители од првиот шешир.
Група 1
Шалке, Зенит, Манчестер Ј. Шахјор Доњецк, Атлетик Билбао, Олимпијакос, Виљареал, Ајакс, Интер, Фиорентина, Андерлехт, Викторија Плзењ