Фудбал
24. February 2017 - 13:45

ЛЕ 1/8 финале: Германија и Белгија со еден четвртфиналист

Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени двојките за осминафиналето на Лига Европа. Германија и Белгија веќе има обезбедено четвртфинале бидејќи екипите од овие земји ќе играат меѓусебе во осминафиналето: Германија (Шалке – Борусија Менхенгладбах) и Белгија (Гент – Генк).
 
Осминафинални двојки: 
Селта – Краснодар,
АПОЕЛ – Андерлехт,
Шалке – Борусија Менхенгладбах,
Олимпик Лион – Рома,
Ростов – Манчестер Јунајтед,
Олимпијакос – Бешикташ,
Гент – Генк,
Копенхаген – Ајакс.
 
Натпреварите ќе се играат на 9 и 16.март.