Фудбал
21. April 2017 - 13:32

ЛЕ - 1/2 финале: Ајакс - Лион, Селта - Манчестер Ј.

Во Нион денеска покрај двојките од ЛШ беа извлечени и полуфиналните двојки за Лига Европа. 

Холандски Ајакс ќе игра против Олимпик Лион, додека шпанската екипа Селта за ривал го доби повеќекратниот англиски првак Манчестер Јунајтед.
Првите натпревари се играат на 4.мај, а домаќини се Ајакс и Селта, додека реванш дуелите на програмата се на 11.мај.
Финалето се игра на 24.мај во Стокхолм.