Македонија
25. July 2017 - 12:38

ЛДП: Зоран Павловски нов државен секретар во Министерство за економија

Зоран Павловски, денеска на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши, е именуван  за нов државен секретар во Министерството за економија, информира Либерално-демократската партија (ЛДП). 

- Зоран Павловски, член на ЛДП, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во општина Куманово, со иксуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство, соопшти ЛДП.

Новиот државен секретар, се додава во соопштението, првенствено ќе се залага за зголемена подршка на мали и средни бизниси, релаксирање на законската регулатива со намалување на парафискални даноци и надоместоци, еднакви услови за домашните и странски компании, како и за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.