Македонија
12. April 2016 - 19:06

ЛДП: Одлуката на Иванов е антидржавна и противуставна

Либерално-демократската партија попладнево преку соопштение реагираше на одлуката што денеска ја донесе претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. 

Во реакцијата се оценува дека одлуката е антидржавна и противуставна и оти таа значи поништување на договорот од Пржино и укинување на Специјалното јавно обвинителство. 

ЛДП го повика претседателот Иванов да си поднесе оставка, а сите граѓани кои не се согласуваат со ваквата одлука вечерва да го искажат својот став пред резиденцијата на македонскиот претседател.