Loading Video...
Кошарка
6. November 2017 - 17:43

Лазовски: Верувам дека девојките ќе го дадат максимумот

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2019 година што ќе се одржи во Латвија и Србија.
 
Иако селекторот Марјан Лазовски поради повреди не ќе може да капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и Ивона Пејковска, тој верува дека останатите ќе го дадат максимумот, како на тренинзите кои започнаа, така и на самиот натпревари.
 
- Хендикепирани сме со неиграњето на Антиќ, Тантуртовска и Пејковска, кошаркарки кои многу ни значат. Но, верувам дека останатите со своето залагање и ангажирање ќе го надополнат нивното отсуство, колку е тоа можно. Сите се желни за настап, тоа ми влева доверба во овие девојки и верувам дека тие ќе го дадат максимумот и покажат најдоброто од себе. Добро е што и покрај проблемите имаме одлична, позитивна атмосвера која гарантира дека нема да им биде лесно на нашите противници, изјави селекторот Лазовски.
 
Реапрезентацијата ќе тренираат двапати дневно, во СЦ „Јане Сандански“ каде во сабота (11 октомври) ќе го одигра и првиот меч против Италија која на последното Европско првенство заврши на седмото место.
 
Во овој прв „прозор“ од квалификациите нашите кошаркарки ќе играат и против Шведска на гости на 15 ноември, а во групата Х уште за противник ќе ја имаат и репрезентацијата на Хрватска против кој ќе играат во февруари следната година.