Свет
4. December 2016 - 11:28

Лажната амбасада на САД во Гана затворена по 10-годишна работа

Лажна амбасада на САД во Гана што ја воделе банди на организиран криминал е затворена по 10-годишно работење кое опфаќало и издавање фалсификувани визи.

Стејт департментот наведе во соопштение дека со лажната амбасада управувале криминалци, државјани на Гана и Турција и еден адвокат до Гана кој се занимавал со имиграциски прашања.

Наводната амбасада работела на имот во престолнината Акра каде се наоѓа и вистинската амбасада на САД. Пред зградата на лажната амбасада имало американско знаме три дена неделно, а во внатрешноста и фотографија од претседателот Барак Обама. Тие издавале лажни документи на клиенти по цена од 6.000 долари.

Услугите на амбасадата биле рекламирани преку флаери и билборди во Гана, Брегот на Слонова Коска и Того. Покрај визи, „конзуларните службеници“ издавале и лажни банкарски сметки, школски свидетелства и изводи од книга на родени.

Работата на лажната амбасада се одвивала непречено поради соработка со корумпирани официјални лица и можноста да одбијат легитимни бланко документи, наведува Sтејт департментот. Во полициска операција запленети биле 150 пасоши од 10 држави, вистински и фалсификат визи за САД, Шенген, Индија и Јужна Африка како и фалсификувани лични карти, заедно со компјутери и мобилни телефони.

Властите се уште трагаат по неколкумина осомничени.

Полицијата основано се сомнева дека во Акра работела и лажна амбасада на Холандија.