Македонија
12. August 2017 - 15:10

Лажна телефонска пријава за бомба во банка во Скопје

Непознат сторител телефонски лажно пријавил дека има поставено бомба во банка лоцирана на улицата „Народен фронт" во Скопје. По проверка на екипа за Антитероризам не е пронајдена екслозивна направа.

Како што инфомира МВР, утринава во 9:35 часот вработен во банка пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало „Излезете надвор има нешто околу банката", а потоа додало „Тоа е бомба".

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена екслозивна направа.

Се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.