Балкан
9. April 2017 - 8:59

Лажна дојава за бомба на аеродромот во Белград

Дојавата за подметната бомба на аеродромот Никола Тесла во Белград беше лажна, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Како што јави ТАНЈУГ, по полициската проверка на аеродромот утврдено е дека дојавата е лажна.

За време на полициската проверка авиосообраќајот на белградскиот аеродром се одвиваше нормално, по утврден ред на летање.