Ракомет
7. December 2015 - 8:57

Лазаров во тимот на колото

Одличната партија на Кирил Лазаров против Киелце на која постигна 12 гола од 14 обиди го сврсти капитенот на нашата репрезентација во најдобрите „седум“ на 10.коло од Лигата на шампионите. 

Лазаров за првпат сезонава е во тимот на колото, додека за Бомбач ова е трета номинација, а Стојковиќ и Омејер по вторпат се наоѓаат во изборот.
Тимот на колото го сочинуваат: 
Лево крило – Андре Линдбое (Елверум)
Лев бек – Даниел Нарсис (ПСЖ)
Среден бек – Деан Бомбач (Пик Сегед)
Десен бек – Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило – Ајмен Туми (Монпеље)
Пивот – Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Голман – Тјери Омејер (ПСЖ)