Ракомет
16. January 2017 - 21:06

Лазаров: Ние брзавме да стигнеме и паднавме во нивната стапица

Македонија во Мец го претрпе првиот пораз, поуспешни од македонските ракометари беа словенечките, кои победија со 29:22. Во микс зоната нашиот капитен Кирил Лазаров, кој дуелот го заврши со 9 голови и притоа го постигна 1000.тиот гол на официјалните натпревари на Македонија во микс зоната изјави:
- Мислам дека го загубивме во првиот дел, кога тие имаа разлика, а ние брзавме да стигнеме и паднавме во нивната стапица, можеби бевме и многу мотивирани. Во овој тип на натпреварување не е важно со колку разлика (дали еден или десет) ќе изгубиш. Важно е сега да се соземене. И третпат лошо отвараме со промашени зицери. Да се одмориме на добар пат сме уште имаме сега и поголем притисок, ќе го прифатиме тој предизвик. Голем хендикеп беше повредата на Миркуловски, фалеше и во одбраната и нападот и во ротацијата. Тие и на тоа „одеа“ претежок збор е да се каже, но знаеја кои се нашите главни карики и имаше фаули над Георгиевски и Миркуловски во првите два напада. Бевме реални и на првите два дуела кои ги победивме кажавме дека не бевме најдобри. Мислам дека можеме подоцна во првенството да прикажеме подобра игра.