Ракомет
11. October 2015 - 11:49

Лазаров ја предводеше Барса во триумфот над Монпеље

 
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ја предводеше својата екипа Барселона во убедливиот триумф над францускиот Монпеље со 37:27.
 
Лазаров постигна 12 голови (без ниту едно промашување)  во победата на актуелниот европски првак над Монпеље,  со која шпанскиот тим се проби на 2.место на табелата во Б групата, зад лидерот Вардар. 
 
Македонскиот првак е единствената екипа во Лигата на шампионите кој по 4 одиграни натпревари има максимален учинок., откако вчера Вардар славеше над германскиот Рајн Некар Л. 
 
 
Резултати од  4.коло во Б групата 
Сабота 
Вардар (Македонија)  - Рајн Некар Левен (Германија) 25:19
Киелце (Полска) – Кристианштад (Шведска) 35:27
Барселона (Шпанија) – Монпеље (Франција) 37:27
Недела 
16,50 Колдинг (Данска) – Пик Сегед (Унгарија)
 
Табела: Вардар 8 бодови, Барселона 6, Рајн Некар 5, Киелце 5,  Кристианштад 2, Пик Сегед 2, Монпеље 2, Колдинг 0.