Ракомет
3. September 2015 - 9:16

Лазаров и Барселона продолжија да „собираат“ пехари

Ракометарите на Барселона продолжија со успешни игри и освојување трофеи во шпанскиот и европскиот ракомет. За само пет дена по втор пат го совладаа Грањолерс и го освоија 18.от АСОБАЛ Суперкуп, четврт последователен.
 
Признанието за најкорисен играч и најдобар стрелец на мечот во Сарагоса е за македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.
 
Барса многу потешко дојде до победата од 26:23, за разлика од мечот во петокот во Џирона во рамките на каталонскиот Суперкуп.
 
Избраниците на Чави Пасквал мораа максимално да се намачат за да стигнат до вториот трофеј во новата сезона, која се наоѓа на самиот почеток.
 
Лазаров со осум голови беше најдобар стрелец за Барселона, капитенот Виктор Томас постигна шест.
 
Во тимот на Грањолерс најсветла точка беше Де Толедо со пет погодоци.