Ракомет
5. May 2017 - 8:09

Лазаров: Делувавме како тим речиси сите 60 минути

Македонската ракометна селекција синоќа постигна важна победа од 30:25 против селекцијата на Исланд, ривал кој постојано занел да биде незгоден за нашата селекција и знаел да победува и во Скопје.
Капитенот на Македонија Кирил Лазаров постигна 11 голови (осум во првиот дел), а по дуелот изјави:
- Одигравме тежок натпревар, но ние делувавме како тим речиси сите 60 минути со мали падови. Не паметам кога против една квалитетна селекција сме одиграле добро цел натпревар. Среќен сум за победата заради нашата стабилност. Победата ја посветувам на цела Македонија.