Свет
1. December 2016 - 17:59

Лавров: Ракетите „Искандер“ во Калининград се одговор кон НАТО

Префрлањето на ракетните комплекси „Искандер“ во Калининградската област е предизвикано од деструктивните потези на НАТО, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

- Во актуелните услови Русија беше присилена да се адаптира на деструктивните потези на НАТО на континентот, односно презеде соодветни мерки за да ја осигура својата национална безбедност. Тие чекори се преземени на нашаа територија, за разлика од САД и другите земји кои својата војска ја испраќаат во други земји кои се граничат со Русија и со тоа вршат провокација, рече Лавров, а пренесуваат руските медиуми.

Тој додаде дека НАТО и САД свесно го покреваат нивото на тензии со Москва и тоа под изговорот дека им доаѓа „закана од  Истокот“.

Лавров оцени дека Русија е подготвена за дијалог со Алијансата, но дека соработката мора да биде на рамноправна основа.