Свет
28. March 2017 - 14:29

Лавров: Подобрувањето на односите со САД не е лесно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не е лесно да се подобрат односите меѓу Русија и САД, но дека Москва е подготвена да даде се од себе за тоа да го оствари. 

- Конструктивниот дијалог меѓу САД и Русија е можен во врска со кој било билатерален или меѓународен проблем, доколку се заснова на рамноправност, взаемна корист, меѓусебно почитување и ако се земат предвид интересите на другата страна без обиди за уценување или наметнување на волјата, рече Лавров за неделникот „Аргументи“. 

Според него само на таа база е можно да се унапредат односите меѓу двете земји. 

- Не е лесно да се достигне тоа, но како што рече претседателот Владимир Путин, подготвени сме да го сториме својот дел, рече Лавров.