Свет
19. April 2017 - 14:56

Лавров: Планот за Сирија одамна е одобрен во ОН

Планот за решавање на кризата во Сирија веќе постои, но не е одобрен во Вашингтон, туку во Обединети нации во Њујорк, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, прецизирајќи дека станува збор за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 2.254.

Запрашан дали на состанокот со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон разговарал за некаков план на САД поврзан со Сирија, Лавров одговори. „За нас, таков план веќе постои“.

- Одамна е одобрен, а не го одобриле САД туку ОН со резолуцијата 2.254 на СБ. Резолуцијата ги покрива сите аспекти на мирно решавање засновано на принципот дека само сирискиот народ има право да одлучува за иднината на земјата. Таа е рамката на нашите активности, посочи Лавров.