Лавров од Белград: ЕУ е пасивна за идеите за Голема Албанија, се прекршува Охридскиот договор
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, по вечерашната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата повторно зборуваше за ситуацијата во Македонија во контекст на, како што кажа, големоалбанските идеи.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со Косово и пасивноста на ЕУ околу големоалбанските идеи, Лавров кажа дека „секако не може да не не загрижува пасивноста на ЕУ околу иницијативата што се појави од Тирана за т.н. Тиранска платформа, која е апсолутно нескриен повик за создавање Голема Албанија. Еве, неодамна, кога во Македонија имаше парламентарни избори, претседателот на Парламентот, на столот во својот кабинет го стави албанското знаме - во Македонија. Овие денови, шефот на албанската влада Еди Рама, гордо изјави дека токму тој од Албанија го иницирал законот во македонскиот Парламент, кој му дава на албанскиот јазик статус на државен јазик. На тој начин се прекршува Охридскиот договор, кој сите со олеснување го примивме, бидејќи ја олесни кризата во Македонија пред многу години“, изјави рускиот министер за надворешни работи.
Лавров констатираше и дека доколку сега „се урнат овие достигнувања, што толку тешко ги усогласувавме и во Македонија, и во Босна или било каде на Западен Балкан, тогаш ќе имаме основа да ја замолиме ЕУ да даде извештај на кој начин тие ги исполнуваат сопствените одлуки и колку одговараат на довербата која меѓународната заедница им ја дала“.
Ова не е лесна состојба-заклучи Лавров, објаснувајќи го рускиот став за непризнавање на Косово и бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, кој според Лавров, бавно се реализира поради пасивноста на ЕУ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација