Свет
4. April 2017 - 12:33

Лавров: Неопходно здружено дејствување против глобалниот тероризам

Експлозијата во Санкт Петербург покажа дека е неопходно здружено дејствување против глобалниот тероризам, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Таа трагедија уште еднаш покажа важност со засилени напори да се бориме против тоа зло, изјави Лавров.

Во експлозија во метро станица во Санкт Петербург загинаа 14 луѓе и беа повредени 49 од кои четворица се во критична состојба.