Свет
18. April 2016 - 15:11

Лавров: Нема тајни преовори со САД по прашањето Сирија

Русија и САД немаат никакви тајни преговори за Сирија во Женева, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

- Станува збор за вообичаени консултации и соработка меѓу две држави во рамките на меѓународната група за решавање на стиуацијата во Сирија, каде Русија и Соединетите Американски Држави копретседаваат, како и во рамките на работната група за помирување, рече Лавров, пренесува Тасс.

- Многумина од САД сакаат да го спроведат „планот Б“ за Сирија со цел да се собори Башар ал Асад, додаде Лавров.