Свет
15. October 2015 - 11:29

Лавров: Москва е подготвена за тесна соработка со Турција во борбата против тероризмот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва е подготвена за тесна соработка со Турција во борбата против тероризмот.

- Подготвени сме за многу тесна соработка и заеднички активности со турските власти во борбата против терористичките закани, рече Лавров на прес-конференција во Москва за руско-турското партнерство.

Изјавата е дадена по терористичкиот напад во Анкара во саботата, во кој загинаа 97 лица.