Свет
10. August 2016 - 8:40

Лавров и Штајнмаер разговараа за решавање на конфликтите во Сирија и Украина

Шефовите на дипломатиите на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер вчера во телефонски разговор ги разгледаа можностите за решавање на конфликтите во Сирија и Украина, соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.

Разговорот се одржал на иницијатива на германскиот министер за надворешни работи.

- Министрите разговараа за развојот на ситуацијата во Сирија, за меѓународната сорабтка за мирно решавање на конфликтот во таа земја со акцент на обновување на инклузивниот дијалог меѓу Владата и опозицијата во рамки на Женевскиот процес, се наведува во соопштението.

Лавров и Штајнамер разговарале и за зголемување на ефекасноста на борбата против терористичките и екстремистичките организации и решавањето на хуматираните задачи. 

Двајцата министри го разгледале и прашањето, поврзано со исполнување на Минскиот договор за уредување на конфликтот во југостисточна Украина.