Свет
28. July 2017 - 21:29

Лавров до Тилерсон: Русија подготвена за нормализација на односите

Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД и да соработува кога станува збор за големите светски прашања, порача денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Рекс Тилерсон.

Лавров во разговорот посочил дека одлуката на Москва да го намали американскиот дипломатски персонал во Русија е предизвикана од „голем број непријателски чекори на Вашингтон“.

По оваа одлука на Москва, САД ќе бидат принудени да повлечат од Русија стотици дипломати, а која следува по одлуката на Вашингтон да воведе нови санкции кон Русија.