Живот
27. March 2017 - 17:06

Лавица се обиде да нападне туристи и заврши во канал!

Лавицата Елза, новата „станарка“во ЗОО- паркот „Естрелја“ лоциран во близина на Монтереј на потешкиот начин научи дека е невозможно да се прескокне безбедносниот канал широк седум метри и да се нападнат туристите.

Лавицата која пред само неколку недели пристигнала во познатиот мексикански ЗОО парк, откако здогледала два потенцијални плена, туристи кои полека и се приближуваат во отворен автомобил и биволот кој по пат го хранеле, нормално инстинктот и проработел и се обидела да ги нападне.

За среќа нејзиниот скок бил краток и Елза завршила во длабокиот канал.