Живот
14. November 2017 - 12:17

Лава проголтала камера, преживеала и снимила како изгледа секој дел од нејзиниот опасен пламен!

Се сомневаме дека некогаш сте посакале да доживеете директна средба со лава, но доколку сте се запрашале како изглеа тоа - еве го одговорот. Всушност, Ерик Сторм успеал да сними директна средба на лавата со својата ГоПро камера.

Благодарение на добрата издржливост оваа камера и нејзината способност да преживее многу високи температури, добивме снимка на лава од прва рака.

Кога лавата се смирила, Ерик успеал да дојде до својата камера.

- Ја извадив камерата со геолошки чекан, милсев дека е потполно уништена, но... Не само што камерата преживеала, туку успеала да сними лава и да ја сочува во мемориската картичка - рекол Ерик.

Како што вели, вистинско чудо е што камерата преживеала и што и понатаму работи.

- Функционира и сега. Всушност не толку добро како претходно, но работи - додал.

Погледнете го виддеото.