Македонија
10. February 2016 - 23:46

Латас: Им се извинувам на сите Турци, турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Македонија

 
Жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во третиот Дневник. 
 
-Мој гаф, во текот на Дневникот употребив израз дека Заев лаже како Турчин. Им се извинувам на сите Турци поединечно, како на турската нација, така и на турската држава. Напротив, сметам дека и турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Република Македонија, особено во поново време, нивните граѓани во Рм се лојални и придонесуваат за сите позитивни процеси во државава и затоа жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече Латас.