Лариџани: Плановите на САД за иранскиот нуклеарен договор ќе доведат до хаос
Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџан изјави дека плановите на САД за иранскиот нуклеарен договор и нивната политика на санкции кон Техеран и Русија можат да доведат до хаос во меѓународните односи.
- Најверојатно започнале со некои дејствија, кои во крајна сметка ќе доведат до нереди на меѓународната арена. Доказ за тоа се санкциите воведени кон Иран и кон Русија, како и мерките кои од неодамна беа преземени за нуклеарниот договор со Иран, посочи Лариџани на средбата со претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин во Санкт Петербург.
Лариџани наведе дека ако САД не се придржуваат до Договорот за иранската нуклеарна програма тогаш истиот целосно ќе биде поништен,
- Во последните месеци Американците во повеќе наврати го прекршија нуклеарниот договор, истакна Лариџани.
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот, според најавите, ќе ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран и ќе ја претстави новата стратегија.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто